Втор трејлер за римејкот на Ben-Hur

Втор трејлер за римејкот на Ben-Hur

Денеска го имаме новиот трејлер за Ben-Hur, новата адаптација на книгата од 1880 година Ben-Hur: A Tale of the Christ, од авторот Ли Волис (третата најпродавана книга на сите времиња – по Библијата и Однесено со Виорот).

Инаку во далечната 1959 година Холивуд сними филм за книгата со Чарлтон Хестон кој често е споменуван како еден од најдобрите филмови на сите времиња, доби дури 11 оскари и во тоа време имаше буџет од неверојатни 15 милиони долари.

Продуцентите најавија дека новата верзија ќе биде поверна адаптација на книгата на Волис, односно ќе има паралелна приказна животот на Исус Христос, со кој Бен-Хур има само неколку средби во оригиналниот филм.

Во главните улоги ќе ги видиме Џек Хјустон, Морган Фримен, Тоби Кибел и Родриго Санторо. Режисер на филмот е русинот Тимур Бекмамбетов (Wanted, Abraham Lincoln: Vampire Hunter), а сценариото го напишаа Кит Кларк и Џон Ридли (12 Years a Slave).

Ben-Hur ќе се појави во кино салите на 19-ти август.

Објавено од admin на 15 June 2016, 09:35