King Arthur: Legend of the Sword – трејлер за новата верзија на режисерот Гај Ричи

King Arthur: Legend of the Sword – трејлер за новата верзија на режисерот Гај Ричи

Денеска го имаме првиот трејлер за новата адаптација на епската приказна за Кралот Артур и Витезите на тркалезната маса. Ѕвездата на Pacific Rim и Sons of Anarchy, актерот Чарли Ханам, ќе ја толкува главната улога, Идриз Елба глуми “малку поинаква” верзија на волшебникот Мерлин, а Џад Лоу го глуми тиранот Вортигерн, вујко на Артур.

Режисер е Гај Ричи, а сценариото го напиша Џоби Харолд. Во останатите улоги ќе се појават Аидан Глен, Анабел Волис, Ерик Бана и Дејвид Бекам. Проектот е толку амбициозен што студиото планира да направи франшиза од шест дела.

King Arthur: Legend of the Sword ќе се појави во кино салите на 24-ти март, следната година.

Објавено од admin на 24 July 2016, 10:44