Алек Болдвин е директорот на ЦИА во Mission: Impossible 5

Алек Болдвин е директорот на ЦИА во Mission: Impossible 5

Сајтот Deadline денеска објави вест за двајца актери кои се приклучиле на најновото продолжение на позната акционата франшиза Mission Impossible. Првиот е Алек Болдвин, кој во филмот ќе го глуми директорот на ЦИА, додека втората актерка е Ребека Фергусон и таа ќе ја толкува главната женска улога. Фергусон, која има и номинација за Златен Глобус за улогата во серијата The White Queen, ќе ја гледаме во претстојната авантура Hercules.

Том Круз, Џереми Ренер и Сајмон Пег ќе се вратат за продолжението. Режијата е на Кристофер Меквари (Jack Reacher), а сценариото го напиша Дру Пирс (Iron Man 3).

Mission Impossible: 5 ќе се појави во кино салите на 25-ти декември, 2015 година.

Објавено од admin на 10 July 2014, 08:34