Арнолд Шварценегер е негативецот во Avatar 2?

Арнолд Шварценегер е негативецот во Avatar 2?

Во август, 20th Century Fox објави дека големиот хит од 2009 година и најгледан филм на сите времиња, Avatar, ќе добие три продолженија, кои ќе се снимаат истовремено. Џејмс Камерон се враќа за режијата, а премиерите се закажани за 2016, 2017 и 2018 година.

Денеска имаме нова информација поврзана со овој проект, а тоа е дека познатиот актер Арнолд Шварценегер ќе биде главниот негативец во продолжението. Поранешниот гувернер на Калифорнија во минатото има соработувано со Камерон на неколку успешни проекти како Terminator, T2: Judgement Day и True Lies. Засега оваа информација е чиста шпекулација, бидејќи нема никаква потврда (или негирање) од студиото.

Што се однесува пак до приказната, единствено е познато дека вториот дел ќе се фокусира на подводниот свет на Пандора и дека Камерон ги има усовршено и онака неверојатните визуелни ефекти. Сем Вортингтон, Зои Салдана и Сигурни Вивер ќе ги репризираат главните улоги, а снимањето треба да започне на почетокот на следната година.

Објавено од admin на 17 September 2013, 14:56