Арнолд Шварценегер во новиот трејлер за Sabotage

Арнолд Шварценегер во новиот трејлер за Sabotage

“They’re the best undercover agents in the DEA.” Денеска го имаме третиот трејлер за Sabotage, новиот акционен трилер на режисерот Дејвид Аер (сценарист на одличните Training Day, Street Kings и End of Watch):

Приказната прати елитен тим на Д.Е.А. агенти кои ограбуваат сигурна куќа на нарко картел. Тимот мисли дека операцијата е успешна и дека се извлекле со милиони долари, се додека некој не почне да ги убива, еден по еден.

Во Sabotage се појавува интересна актерска екипа предводена од акционата икона Арнолд Шварценегер, преку Сем Вортингтон (Avatar, Clash of the Titians), Џош Холовеј (Lost, Mission Impossible: Ghost Protocol), Теренс Хауард (Iron Man), па до Малин Акерман (Watchman) и Мирел Енос (World War Z, The Killing). Сценариото го напиша Скип Вудс, кој има доста искуство со овој жанр – Swordfish, Hitman, A Good Day to Die Hard.

Sabotage ќе се појави во кино салите на 11-ти април.

Објавено од admin на 8 February 2014, 10:54