Арнолд Шварценегер во трејлерот за The Last Stand

Арнолд Шварценегер во трејлерот за The Last Stand

Шварценегер се враќа. Отако објави дека по завршување на неговата политичка кариера ке му се врати на актерството, почнува да си го одржува ветувањето. Оваа недела ќе го видиме во продолжението на Expendables (премиерата е денеска во кино Милениум), додека следен негов проект е токму филмот за кој ви го прикажуваме трејлерот – The Last Stand.

Приказната во филмот се врти околу Реј Овенс, поранешен полицаец од Лос Ангелес, сега шериф на мало гратче блиску до мексиканската граница. Откако озлогласен лидер на нарко картел ќе избега од конвој на ФБИ и ќе тргне да ја мине границата, единствената надеж помеѓу него и слободата во Мексико се шерифот Еванс и жителите на малото гратче.

http://youtu.be/iEMmL0uQYeY

Режијата е на култниот јужно-кореец Ји-Вун Ким (I Saw the Devil, A Tale of two Sisters) за кого ова е прв филм на англиски јазик. Сценариото е на Ендру Кнауер и Џерфи Начманов. Покрај Шварценегер во филмот глумат и Форест Витакер, Питер Стормер, Џенесис Рогригез, Џони Кноксвил и Џејми Александер.

Премиерата е закажана за 18-ти јануари, следната година.

Објавено од admin на 17 August 2012, 11:13