Avengers: Age of Ultron ќе заработи $217 милиони во првиот викенд?

Avengers: Age of Ultron ќе заработи $217 милиони во првиот викенд?

Најголемата викенд заработка оваа година беше во средината на јануари кога воената драма American Sniper “експлодираше” со $89.2 милиони. Во февруари, Fifty Shades of Grey не беше далеку со 85.1 милион.

Изгледа дека овие цифри ќе бидат далеку надминати, доколку му веруваме на најновиот извештај на Bloomberg во кој се прогнозира дека Avengers: Age of Ultron ќе заработи фантастични $217 милиони во САД, во првите три дена од прикажување (1-3 мај). Оваа сума не е изненадувачки кога ќе се земе во предвид фактот дека неговиот претходник, The Avengers, во 2012 година заработи $207 милиони во првиот викенд.

Инаку на вкупната листа на викенд бокс офис заработка, засега, по The Avengers на второ место се наоѓа Iron Man 3 ($174.1 милион), а потоа следат Harry Potter and the Deathly Hallows ($169.1 милион), The Dark Knight Rises ($160.8 милиони) и The Dark Knight ($158,4 милиони).

Објавено од admin на 13 March 2015, 12:46