The Belko Experiment првиот трејлер нуди „корпоративен хорор“

The Belko Experiment првиот трејлер нуди „корпоративен хорор“

Collider го нарече трејлерот за The Belko Experiment, страшен микс на Office Space и Battle Royale.

belco

Но, всушност станува збор за хорор трилерот напишан и ко-продуциран од страна на Џејмс Ган (режисерот на Guardians Of The Galaxy). Главната улога во The Belko Experiment ја доби Тони Гудвин, а во дејствието на самиот филм, вработените во компанијата Belko ќе бидат затворени и уценети на работното место. Секој од нив во просториите на самата компанија ќе треба да убие по тројца од колегите, а ако не него сторат тоа (за само 30 минути) шестмина од нив ќе умрат.

belco3

Во филмот ќе ги видиме и Џон Галагер Џуниор, Адрија Арџона, Џон Бренер, Дејвид Масмастијан, додека пак зад камерата застана Грег Меклеан. Премиерата на The Belko Experiment е закажана за 17-ти март, следната година.

Објавено од admin на 2 December 2016, 08:38