Без бегство за Овен и Лејк

Без бегство за Овен и Лејк

Овен Вилсон и Пирс Броснан заедно на филм. Актерот комичар и ебившиот агент 007 сега во 2015-та година се ѕвездите на најновиот акционен трилер No Escape.

no-escape-2

Вилсон е Џек Двајер. Бизнисмен кој ќе се пресели со семејството во неспецифирана азиска држава. Но, таму ќе наиде на воен куп и на многу непријателска ситуација кон сите странци кои се присутни во државата. А тој и остатокот од фамилијата се токму тоа, па затоа ќе бидат приморани да бегаат во обид да се спасат, но дали ќе најдат излез од неа?

Лејк Бел ќе ја толкува Ени, сопругата на Џек Двајер, додека пак на режисерското столче седна Џон Ерик Доудл, режисер до сега познат по филмовите во хорор жанрот.

no-escape-wilson

Премиерата на No Escape e закажана на 2-ри септември оваа година, а во меѓувреме погледнете го првиот трејлер.

Објавено од admin .f24 на 9 March 2015, 09:04