Бред Пит и Дензел Вашингтон ќе глумат во Candy Store

Бред Пит и Дензел Вашингтон ќе глумат во Candy Store

Порталот THR ја пренесува веста дека двете големи холувидски ѕвезди Бред Пит и Дензел Вашинтон ќе глумат заедно во новиот филм на Стивен Гагхан, Candy Store. Иако Гагхан не е многу докажан како режисер (единствено го режирал Syriana со Џорџ Клуни), тој е познат и докажан сценарист. Беше награден со Оскар за неговото сценарио за филмот Traffic во 2000 година.

Приказната во филмот е за бивш таен оперативец, кој сега работи како полицаец во Бруклин. Тој случајно открива дека организацијата против која се борел целиот живот, сега има нелегални операции и во Бруклин. Се уште не е познато дали Пит или Вашингтон ке го глумат полицаецот, меѓутоа, во приказната има два главни лика. Актерот Џејми Фокс исто така е во преговори за една од споредните улоги.

Пред Candy Store, работата на Грахам  ќе ја видиме следната година во новиот филм на М. Најт Шиамалан After Earth, со Вил Смит во главната улога. Тој е еден од сценаристите на филмот.

Објавено од admin на 27 August 2012, 11:19