„Чуварите на Галаксијата“ се собираат пак…

„Чуварите на Галаксијата“ се собираат пак…

Пред продукцијата на Guardians of the Galaxy Vol. 2, второто продолжение на Марвеловиот хит филм од 2014-та година, веќе започна и режисерот Џејмс Ган ја сподели новата фотографија од вежбите на актерите за новиот филм.

На фотографијата може да се забележат актерите Зои Салдана, Крис Прат и Дејв Баутиста покрај самиот режисер, а долу на земјата е Шон Ган (братот на Џејмс) кој беше статист во ликот на Рокет (гласот на Рокет го „позајми“ Бредли Купер).

guardians3

Од фотографијата објавена минатата недела, можеше да се забележи и присуството на Мајкл Рукер, кој и во вториот дел ќе ја репризира улогата на Јонду Удонта.

Ли Пејс нема да биде дел и Guardians of the Galaxy Vol. 2, но како „додаток“ во веќе постоечката актерска екипа е Пом Клементиеф, додека пак Курт Расел е во преговори за да ја портретира улогата на таткото на Стар Лорд (Крис Прат).

Премиерата е закажана за 5-ти мај, следната година, а ова се последните подготовки на “Чуварите на Галаксијата“.

guardians

guardians2

Објавено од admin .f24 на 3 February 2016, 09:02