Cosmic Motors – следниот проект на Мајкл Беј

Cosmic Motors – следниот проект на Мајкл Беј

Сајтот Variety ја објави веста дека Мајкл Беј е заинтересиран на режија на научно фантастичната авантура Cosmic Motors. Проектот е базиран на истоимената книга со концепти од 2007 година, од Даниел Симон. Тој има работено како дизајнер на неколку Холивудски хитови, вклучувајќи ги и Tron: Legacy, Captain America: The First Avenger и Oblivion.

Приказната е сместена во созвездието Галаксион и прати опасни и возбудливи трки со футуристички возила.

Сценариото за филмот ќе го пишува Кајл Ворд, кој го напиша сценариото за Machete Kills, како и за претстојните Agent 47, Underworld V и Arabian Knights.

Сеуште нема информации за актерската екипа или за датум на премиера.

Објавено од admin на 1 September 2014, 11:51