Deadpool конечно пристига во кино салите во 2016 година

Deadpool конечно пристига во кино салите во 2016 година

Доказ за моќта на социјалните медиуми. Веќе подолго време студиото 20th Century Fox размислува за продукција на филм за анти-херојот Deadpool, познат лик од стриповите на Marvel, кој се појави во разочарувачкиот X-Men Origins: Wolverine. Овој проект никако да добие зелено светло, а режисерот Тим Милер дури сними и тест видео со цел да ги убеди шефовите во Fox. Речиси три години немаше никакви информации за филмот, а видеото се појави онлајн во јули и веднаш доби еден куп позитивни реакции и коментари. Ова беше доволно за студиото, па така, денеска во официјално соопштение Fox објави дека Deadpool ќе се појави во кино салите на 12-ти февруари, 2016 година.

Тест видеото, кое е навистина феноменално, може да го погледнете подолу:

Рајан Рејнолдс ќе го толкува Вејд Вилсон/Дедпул, а Тим Милер е режисер. За овој проект сценариото го напишаа Рит Рис и Пол Верник (Zombieland, G.I.Joe: Retaliation). Снимањето треба да започне напролет.

Објавено од admin на 20 September 2014, 08:31