Deadpool растури на Comic-Con

Deadpool растури на Comic-Con

20 Century Fox меѓу сите останати, во халата Х на Comic-Con конвенцијата ја одржаа и презентацијата на можеби веќе со декади најпопуларниот антихерој и најобожаваната стрипска фигура помеѓу повозрасните, Deadpool или уште попознат како “The Merc with a Mouth”.

deadpool-comic-con

По екстремно популарното тизер видео кое се појави минатата година, а кое вклучуваше тест снимки со насловниот карактер, Рајан Рејнолдс се појави на сцена за да му се заблагодари на ликот кој го пушти клипот кој подоцна стана вирален и кој всушност беше иницијалната каписла за започнување со продукција на филмот. По него следеа режисерот Тим Милер како и останатиот дел од актерската екипа, Т.Џ.Милер, Морена Бакарин, Бриана Хилдебранд, Ед Скреин и Џина Карано.

По покажување на продолжениот трејлер (во кој имаше тон акциони сцени, мноштво пцовки па дури и секс сцена) кој може да очекуваме неделава и официјално да се појави по интернет и неверојатната реакција од присутните, проследена со „уште еднаш, уште еднаш“ извикувања, предизвика енергично “high five” од Рајан и Тим Милер по што трејлерот беше повторно репризиран. По целата оваа еуфорична презентација, актерите и режисерот се обратија на публиката задоволувајки ги нивните љубопитни апетити:

Рајан: После 10-тина години макотрпни обиди да иницирам реализација на Deadpool, мислам дека е вистинско чудо и екстремно задоволство што продукциска куќа ни овозможи снимање, а уште повеќе снимање на “R rated” Deadpool.

Во продолжение Рајан додава: Како и да е, без разлика на рејтингот, сепак мислам дека бебиња ќе го обожаваат филмот.

Рајан изјави за огромната соработка на целата екипа за реализација на овој проект, колку биле блиски, како Т.Џ Милер ги напишал некој од најзлобните шеги во филмот, а Тим Милер со посебно признание ги издвои сценаристите и нивната работа ја опиша како „најдоброто сценарио што некогаш го прочитал“.

За крај Бакарин за својата улога во филмот: Мојот карактер му врати усни, и тоа не баш оние за зборење.

deadpool

Експлозија на Deadpool на Comic-Con и големо мое задоволство што актер кој го почитувам, а беше замачкан со продуцентски филмки и сценариски неуспех (Green Lantern) ќе реализира на свое огромно а мое неизмерно проект, кој самиот го опиша како „Најавтентичната стрипска адаптација“.

Тик так, тик так до 12-ти февруари…

Објавено од Мартин Чалакоски на 13 July 2015, 09:39