Дејствието во новиот Star Wars ќе се одвива 30 години по Return of the Jedi

Дејствието во новиот Star Wars ќе се одвива 30 години по Return of the Jedi

Disney и Lucasfilm денеска во официјално соопштение објавија дека снимањето на Star Wars: Episode VII ќе започне со мај во Пајнвуд студијата во Лондон. Друга информација во соопштението е дека настаните во новата трилогија ќе започнат 30 години по настаните во Return of the Jedi, како и дека ќе се појават нови карактери, но и некои многу познати ликови од Star Wars универзумот. Ова може да го сметаме за потврда дека Харисон Форд, Кери Фишер и Марк Хамил ќе ги репризираат легендарните улоги на Хан Соло, Принцезата Леа и Лук Скајвокер.

Режисер на Star Wars: Episode VII е Џ.Џ. Абрамс (Star Trek, Mission Impossible III), кој го напиша и сценариото заедно со Лоренс Касндан. Приказната за новата трилогија ја креираше оскаровецот Мајкл Арндт.

Премиерата е закажана за 18-ти декември, следната година.

Објавено од admin на 19 March 2014, 13:32