Дејвид Бекам „против“ Кралот Артур

Дејвид Бекам „против“ Кралот Артур

Веќе пишувавме за изгледот на екс фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам во King Arthur: Legend of the Sword, а на само неколку дена пред премиерата, пристигна и првиот клип со него.

david33 (2)

Бекам во краткиот клип од филмот на Гај Ричи има важна улога (таа на Trigger) и дури ќе му дозволи на Артур (Чарли Ханам) да го извлече познатиот меч Ексалибур од каменот. Со двете раце се разбира.

david3

Покрај Чарли и Дејвид, во најновото филмско остварување на Гај Ричи ќе ги видиме и Ерик Бана, Џуд Лоу, Ејдан Гилен, Џајмон Хунсоу, Анабел Валис, а самиот филм беше снимен за буџет од 100 милиони долари.

david2

Премиерата на King Arthur: Legend of the Sword е закажана за 12-ти мај, а ова е клипот со Дејвид Бекам и Чарли Ханам од него.

Објавено од admin на 4 May 2017, 09:48