Дејвид Финчер и Бред Пит повторно заедно…. за World War Z 2

Дејвид Финчер и Бред Пит повторно заедно…. за World War Z 2

Соработката на Бред Пит со режисерот Дејвид Финчер трае повеќе од 2 декади во Холивуд, но двајцата можно е да соработуваат многу набрзо пак на филмското платно.

world-war-z

Финчер според Variety е во финални преговори да го режира продолжението на World War Z кое е долго време најавувано и кое се очекува да биде официјално поддржано од Paramount во наредните неколку недели.

Втората причина за одлуката Финчер да го режира World War Z 2 (покрај фактот што Бред Пит глуми во филмот) е и што актерот се јавува и како еден од извршните продуценти (како што беше и на првиот дел), па затоа со Бред на негова страна, Финчер се надева дека ќе има многу помалку „мешање“ од филмското студио во креативниот процес.

world-war-2z

Режисерот е познат по тоа што не сака да има контрола од никого додека ги снима филмовите, не сака сугерирање од филмските студија за ниту една одлука, а е еден од малкуте режисери кои имаат и финален кат на своите филмови.

World War Z во 2014-та година беше режиран од Марк Фостер, а заработи над 500 милиони долари на бокс офисот, и покрај мешаните критики од филмските критичари.

Објавено од admin на 28 April 2017, 09:11