Џејсон Кларк е налутен во трејлерот за Swerve

Џејсон Кларк е налутен во трејлерот за Swerve

По одличните улоги во хитовите Zero Dark Thirty, Lawless и The Great Gastby, Австралиецот Џејсон Кларк се покажа како квалитетен и талентиран актер, кој може да одглуми секакви улоги. Следната година ќе го гледаме во Dawn of the Planet of the Apes, меѓутоа, пред тоа, публиката ќе може да го види во крими-трилерот Swerve.

Приказната во филмот го прати Чарли, кој ќе налета на сообраќајна несреќа на пат и ќе најде мртовец, кофер колн со пари и прекрасна жена. Тој набргу се вплеткува во опасна криминална шема и станува мета на корумпиран полицаец.

Покрај Кларк, во главните улоги се појавуваат Ема Бут, Дејвид Лајонс и Тревис Мекмахон. Сценариото и режијата се на Крег Латиф.

Swerve ќе се појави во кино салите на 6-ти декември.

Објавено од admin на 20 November 2013, 08:46