Џејсон Момоа е врколак во трејлерот за Wolves

Џејсон Момоа е врколак во трејлерот за Wolves

Џејсон Момоа се прослави благодарејќи на улогата во серијата Game of Thrones, а неговата популарност ќе стане поголема кога во 2015 година ќе го глуми Аквамен во амбицизниот Batman v Superman: Dawn of Justice. Меѓутоа, пред тоа ќе го видиме во Wolves, хорор/акција во која тој глуми негативец. Денеска Ketchup Entertainment го објави првиот официјален трејлер за филмот:

Приказната го прати Кејден Ричардс кој во наплив на бес ги убива неговите родители. Тргнува во бегство и случајно среќава навидум луд човек наречен Дивиот Џо. Џо го посочува да замине во малиот град Лупин Риџ, каде може да ја открие вистината за неговото потекло.

Режисер е Дејвид Хејтер (сценарист на одличните X-Men и Watchmen). Покрај Момоа, во главните улоги ќе се појават Лукас Тил, Мерит Патерсон, Џенифер Хејл и Мириам Мекдоналс.

Wolves ќе се појави во кино салите на 14-ти ноември.

Објавено од admin на 9 October 2014, 09:40