Џејсон Стетхам и Џејмс Франко во трејлерот за Homefront

Џејсон Стетхам и Џејмс Франко во трејлерот за Homefront

Open Road Films денеска го објави новиот трејлер за Homefront, акциониот трилер со Џејсон Стетхам и Џејмс Франко во главните улоги. Режисер е Гери Фледер, а во останатите улоги се појавуваат Винона Рајдер, Кејт Босворт и Френк Грило.

Приказната го прати Фил Брокер, поранешен агент на ДЕА, кој настојува да го заборави неговиот насилен живот. Тој се сели со неговата ќерка во мало гратче во Луизијана, со надеж да започне нов и мирен живот. Меѓутоа, за кратко време влегува во конфликт со локалната банда. Сценариото за филмот го напиша Силвестер Сталоне.

Homefront ќе се појави во кино салите на 27-ми ноември.

Објавено од admin на 20 October 2013, 14:20