Џејсон Стетхам ќе се бори против џиновска ајкула во Meg

Џејсон Стетхам ќе се бори против џиновска ајкула во Meg

Џејсон Стетхам се согласи да глуми во Meg, хорор авантура на студиото Warner Brothers, во која тој ќе се соочи со џиновска предисториска ајкула. Нашиот коментар е: зошто чекавте толку време?

Приказната ќе прати тим од двајца луѓе кои тргнуваат во мисија да пронајдат и убијат Мегалодон, 20-метарски долг предок на големата бела ајкула. Дејствието ќе се случува во Кина.

Стетхам имаше одлична 2015 година со хитовите Furious 7 и Spy, а оваа година ќе го видиме во Mechanic: Resurrection и ветувачката серија Viva La Madness.

Илај Рот беше долго време во преговори за режија на овој проект, меѓутоа, на крајот се откажа. Неговата замена е искусниот Џон Туртелтауб (National Treasure, Phenomenon, Cool Runnings). Meg треба да започне со снимање ова лето, а сеуште нема официјален датум на премиера.

Објавено од admin на 15 April 2016, 09:45