Џек се врати: капетанот заврзан на јарбол

Џек се врати: капетанот заврзан на јарбол

Капетанот Џек Спероу е подготвен за нови авантури. Првата официјална фотографија од Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales ја објави самиот продуцент на 5-от дел од познатата франшиза, Џери Брукхајмер.

На фотографијата може да се забележи Џони Деп како по 5-ти пат ја толкува иконичната улога, но сега во сцена која бара дој да биде врзан за јарбол и држен во заробеништво од ривалските пирати.

Главен непријател на Џек Спероу овојпат ќе биде капетанот Салазар игран од оскаровецот Хавиер Бардем, додека пак улогата на капетанот Барбоса повторно ќе ја репризира оскаровецот Џефри Раш.

jack

Кевин Мекнејли и Орландо Блум исто така ќе бидат повторно дел од актерката екипа, но сега зад камерата застанаа норвешките режисери Јоаким Ренинг и Еспен Сендберг. Снимањето на 5-от дел започна на почетокот на годинава, но веднаш по стартот беше прекинато поради циклонот кој го погоди тој дел на Австралија во кој се наоѓа сетот, а и поради повредата која ја доби Џони снимајќи една од сцените.

Премиерата на Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales е закажана за 7-ми јули 2017-та година.

Објавено од admin .f24 на 22 April 2015, 08:00