Џек Спероу се враќа – прв трејлер за Pirates of the Caribbean 5

Џек Спероу се враќа – прв трејлер за Pirates of the Caribbean 5

Walt Disney Pictures денеска го објави првиот официјален трејлер за Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales, најновото продолжение од познатата пиратска франшиза. Во новиот дел ќе го видиме Хавиер Бардем како негативецот Капетан Бранд, кој сака да му се одмазди на Џек Спероу за убиството на неговиот брат.

Џони Деп се враќа во улогата на Спероу, а нови лица се Каја Скоделарио, Брендон Твејтс и Дејвид Венам. Кир Ричардс се враќа во улогата на таткото на Спероу, а во филмот ќе бидиме уште една рок ѕвезда – Сер Пол Мекартни.

Режисери се Јоаким Ронинг и Еспен Сандберг, а сценариото го напиша Џеф Натансон. Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales ќе се појави во кино салите на 26-ти мај, следната година.

Објавено од admin на 3 October 2016, 08:18