Џим Кери во првата слика од Kick-Ass 2

Џим Кери во првата слика од Kick-Ass 2

Денеска ја имаме првата слика од Kick-Ass 2, продолжение на хитот од 2010 година. На сликата се двајцата суперхерои, Kick-Ass (Арон Џонсон) и Colonel Stars and Stripes (Џим Кери), како и неговото верно куче, Софија. Во вториот дел костимираниот средношколски херој се здружува со група на обични граѓани кои се инспирирани да се борат против криминалот. Тие го формираат здружението Правда Засекогаш, кое вклучува ликови како Помнејќи го Томи, Ноќна Кучка, Човекот Инсект и Борбениот Дечко. Нивна прва мисија е разоткривање и уриваше на ланец со трговија на луѓе и оружје.

Режисерот на првиот дел, Метју Вон, нема да се врати за продолжението – причина е неговата работа на X-Men: Days of Future Past. Џеф Вадлоу е режисер на Kick-Ass 2, додека во главните улоги ќе се појават: Арон Џонсон, Клои Моретз, Џон Легуизамо, Роберт Емс, Линдзи Фонсека и Џим Кери. Премиерата е закажана за 29-ти јуни, 2013 година.

Објавено од admin на 20 January 2013, 12:36