Џина Малоун е Робин во Batman v Superman: Dawn of Justice?

Џина Малоун е Робин во Batman v Superman: Dawn of Justice?

Џина Малоун, која глумеше во Sucker Punch на Зек Снајдер, повторно соработува со режисерот. Таа беше забележана на сетот на Batman v Superman: Dawn of Justice, како снима акциона сцена со црвена перика. Warner Brothers сеуште нема официјално објавено кој лик ќе го толкува оваа актерка.

Иако нејзината улога е тајна и досега не успеавме да ја откриеме, денеска имаме добри шанси да дознаеме за кого станува збор. Анонимен извор кој работи за снимањето на филмот за локалната телевизиска станица изјави: “Во филмот ќе се појави и Робин, но, овојпат ќе биде женско.”

Заклучок од ова е дека актерката ја глуми Кери Кели, женската верзија на Робин. Изворот на оваа информација (кој засега е анинимен) се соочува со тужба од 5 милиони долари од Warner Brothers, поради прекршување на спогодбата за неиздавање на информации.

Batman v Superman: Dawn of Justice ќе се појави во кино салите на 25-ти март, 2016 година.

Објавено од admin на 21 October 2014, 07:50