Џон е подготвен за Pacific Rim: Maelstrom

Џон е подготвен за Pacific Rim: Maelstrom

Џон Бојега оваа година заврши со продукцијата на два фантастични проекти. Неименуваниот филм на Оскаровката Кетрин Бигелоу и Star Wars: Episode VIII.

john_out

Англискиот актер отпатува во Сиднеј, каде започна на продукцијата на уште еден одличен филм. Pacific Rim: Maelstrom продолжението на СФ акциониот филм од 2013-та година. Џон во филмот ќе ја толкува главната улога, а иако не се познати деталите за самото дејствие и ликовите во филмот, знаеме дека покрај Џон во продолжението ќе ги видиме и Скот Иствуд, Џинг Тијан, Адрија Арџона и Каран Брар.

john2

Режисерот на првиот дел, Гиљермо дел Торо се јавува како ко-продуцент и ко-сценарист на Pacific Rim: Maelstrom. Зад камерата застана Стивен С. Денајт, а премиерата е закажана за 23-ти февруари, 2018-та година.

Погледнете го Џон на сетот:

john3

john4

john5

john6

john7

Објавено од admin на 23 November 2016, 09:20