Доста се за мене Mad Max филмови

Доста се за мене Mad Max филмови

Mad Max: Fury Road, беше еден од критичките и финансиските успеси на минатата година, а сега почнува да ги собира и наградите.

Филмот на Џорџ Милер заработи речиси 400 милиони долари, се очекува да триумфира и на претстојната оскаровска церемонија, а Warner Bros веќе планираат продолжение.

Но, тоа продолжение нема да биде режирано од Џорџ Милер. Австралискиот режисер за Page Six објасни дека не сака да режира уште еден Mad Max филм и покрај големиот успех кој го постигна Fury Road.

george-miller

-Нема да правам повеќе Mad Max филмови. Fury Road го снимавме во Австралија. Моравме да чекаме 18 месеци да престане да врне за да добиеме сет на кој личи дека имало суша, и секое враќање од Австралија во САД трае 27 часа. Не сакам да го правам тоа повторно, изјави Милер.

Тој додаде и дека сега на возраст од 70 години е подготвен да му ја остави франшизата на нов и помлад режисер, ако сака да го сними продолжението на Fury Road, но тој нема да застане зад камерата.

Објавено од admin .f24 на 13 January 2016, 09:19