Ед Скреин е замената на Џејсон Стетхам во Transporter: Refueled

Ед Скреин е замената на Џејсон Стетхам во Transporter: Refueled

“People will always need guys like me, right?” Џејсон Стетхам нема да го гледаме како Френк Мартин, а неговата замена е актерот Ек Скреин (го глумеше Дарио Нахарис во Game of Thrones).

Тој е новиот Френк Мартин, “најквалификуваниот” човек во неговата опасна професија. Познат на неговите работодавачи едноставно како “The Transporter”, тој ќе пренесе било што, без никакви прашања, секогаш на време.

Покрај Скреин, во главните улоги се појавуваат Татјана Пајковиќ, Лоан Чабано, Габриела Рајт, Радивоје Буквиќ и Анатол Табман. Режијата е на Камил Деламар (Brick Mansions), а сценариото го напишаа Бил Колаг и Адам Купер.

Transporter: Refueled ќе се појави во кино салите на 19-ти јуни.

Објавено од admin на 20 March 2015, 09:32