Експлозии и акција во официјалниот трејлер за The Expendables 3

Експлозии и акција во официјалниот трејлер за The Expendables 3

Вчера ви ги претставивме постерите од карактерите во The Expendables 3, а денеска го имаме и официјалниот трејлер за акцијата која треба да се појави во кино салите на 15-ти август.

Видеото се фокусира на оргомниот број на Холивуски ѕвезди (стари и нови) кои ќе се појават во филмот и најавува дека третиот дел ќе биде последниот во оваа акциона франшиза која ја започна Силвестер Сталоне во 2010 година.

Во главните улоги ќе се појават Силвестер Сталоне, Мел Гибсон, Арнолд Шварценегер, Харисон Форд, Џејсон Стетхам, Весли Снајпс, Антонио Бандерас, Џет Ли, Долф Лундгрен, Келан Латс и Ронда Рауси.

Режисер на филмот е Патрик Хјуз, додека сценариото го напиша Сталоне, заедно со Крејтон Ротенбергер и Кетрин Бенедикт.

Објавено од admin на 4 April 2014, 07:56