„Експлозивниот“ нов трејлер за John Wick: Chapter 2

„Експлозивниот“ нов трејлер за John Wick: Chapter 2

Киану Ривс следната година го очекуваат 3 нови проекти, а еден од нив е John Wick: Chapter 2. Продолжението на истоимениот акционен трилер од 2014-та година.

Сега повторно со Чад Стахелски зад камерата, и со Киану Ривс во улогата на Џон Вик пред неа, најновиот промотивен трејлер за филмот нуди уште акција и експлозивни моменти за главниот лик.

John-Wick-Chapter-2-poster-2

Голем дел од дејствието ќе се одвива во Рим, каде и новата „мисија“ на Џон ќе започне. Покрај Киану, во John Wick: Chapter 2 ќе ги видиме и Руби Роуз, Ијан Мекшејн, Бриџет Монахан, Комон, Томас Садоски, Џон Легузијамо, Лоренс Фишбурн и Франко Неро.

Премиерата е закажана за 10-ти февруари, 2017-та година.

 

Објавено од admin на 20 December 2016, 09:58