Fall of Gods – нов епски високобуџетен спектакл

Fall of Gods – нов епски високобуџетен спектакл

The Hollywood Reporter ја објави веста дека студиото Fox ги откупило правата за филмска екранизација на Fall of Gods, илустрирана книга која сеуште не е објавена.

Приказната во оваа епска фантазија, која е испирирана од скандинавската митологија, го прати Вали, воин кого сеуште го прогонуваат духовите од минатото. Тој веќе со години е повлечен од битките и живее мирен живот на фарма со неговата жена. Откако таа еден ден ќе изчезне, Вали мора повторно да го земе оружјето во раце и да тргне во спасувачка мисија, на која ќе мора да се соочи со злобни тирани, џиновски суштества и страшни демони.

За режија студиото го најми Вес Бол, кој ги режираше првите два дела на The Maze Runner. Сеуште нема информации за актерската екипа или пак за датумот на почеток на снимањето.

Подолу се неколку слики од концептот кој изгледа навистина импресивно и делува како комбинација од The Lord of the Rings и Warcraft:

1

2

3

Објавено од admin на 26 August 2015, 10:59