Fast & Furious 7 ќе започне со снимање ова лето?

Fast & Furious 7 ќе започне со снимање ова лето?

За два месеци во кино салите ќе се појави шестото продолжение од Fast & Furious франшизата и се очекува да биде еден од најголемите хитови ова лето. Вин Дизел, Пол Вокер и Двејн Џонсон повторно се враќаат во главните улоги, заедно со режисерот Џастин Лин.

Иако шестиот дел се уште не започна со прикажување, изгледа дека Universal и продуцнетите настојуваат што побргу да започнат со снимање на следниот, седми дел. Оваа вест ја објави актерот Вин Дизел на неговата Facebook страница:  “Снимањето започнува ова лето во Лос Анџелес, каде се започна.”

На почетокот на годината имаше гласини дека Џејсон Стетхам ќе биде негативецот во седмиот дел, откако претходно ќе се појави во камео улога во  Fast & Furious 6. Тој ќе го толкува Иан Шо, братот на Овен Шо (го толкува актерот Лук Еванс), кој е негативец во шестиот дел.

Fast & Furious 6 ќе се појави во кино салите на 24-ти мај.

Објавено од admin на 31 March 2013, 12:41