The Fate of the Furious прв трејлер: Вин Дизел е предавникот?

The Fate of the Furious прв трејлер: Вин Дизел е предавникот?

По долгото снимање на повеќе континенти, конечно пристигна првиот официјален трејлер за The Fate of the Furious.

the-fate-of-the-furious-cast

Филмот на Ф. Гери Греј сега доби и ново име (наспроти стариот наслов Fast 8), а во трејлерот може да се погледнат сите ликови кои ќе бидат дел од новото продолжение.

the-fate-of-the-furious-dwayne-johnson-600x400

Сепак, од трејлерот може да се погледне и потенцијалното предавство на Дом Торето (Вин Дизел), на групата која до сега тој ја нарекуваше „семејство“. Тој сега работи за Сајфер (Шарлиз Терон) сајбер криминалката и главна негативка во филмот, а покрај нив двајца ќе ги видиме и Мишел Родригез, Двејн Џонсон, Џејсон Стејтам, Натали Емануел, Курт Расел, Елса Патаку и оскаровката Хелен Мирен.

the-fate-of-the-furious-scott-eastwood-600x400

Премиерата на The Fate of the Furious е закажана за 14-ти април 2017-та, а ова е првиот трејлер.

Објавено од admin на 12 December 2016, 16:59