Финален трејлер за акциониот трилер 2 Guns

Финален трејлер за акциониот трилер 2 Guns

Денеска го имаме финалниот трејлер за новиот акционен трилер со Дензел Вашингтон и Марк Волберг, 2 Guns. Приказната прати двајца агенти на тајна задача, кои се истражуваат еден со друг и случајно дознаваат дека се наместени од страна на мафијата.

Во останатите улоги се појавуваат Пола Патон, Бил Пакстон, Џејмс Марсден, Едвард Џејмс Олмос и Фред Ворд. Режисер на филмот е Балтазар Кормакур (Contraband, The Deep), додека сценариото, кое е базирано на стрипот на Стивен Грант, го напиша Блејк Мастерс.

Филмот ќе се појави во кино салите на 2-ри август.

Објавено од admin на 30 July 2013, 11:19