Гамора е подготвена!

Гамора е подготвена!

По серијата на фотографии од сетот на Guardians of the Galaxy Vol. 2 кои Крис Прат и режисерот Џејмс Ган ги споделија на социјалните мрежи, сега тоа го направи и Зои Салдана.

Актерката која во продолжението на хитот на Марвел ќе ја репризира улогата на Гамора, сподели фотографии од сетот на филмот во Атланта, а на фотографиите, покрај шминката и костимот на актерката, можат да се погледнат и близнаците кои таа ги донела на снимањето.

gamora

Покрај Зои, во Guardians of the Galaxy Vol. 2 ќе ги видиме повторно Крис Прат, Вин Дизел, Дејв Баутиста, Бредли Купер, а како новитети, режисерот Џејмс Ган ги донесе Пом Клементиеф, Курт Расел и Елизабет Дебицки.

Премиерата на Guardians of the Galaxy Vol. 2 е закажана за 5-ти мај, следната година.

gamora2

gamora3

Објавено од admin .f24 на 30 March 2016, 08:14