Guardians of the Galaxy “се мачи” на бокс офисот во Кина

Guardians of the Galaxy “се мачи” на бокс офисот во Кина

Научно фантастичната авантура Guardians of the Galaxy не само што е еден од најдобро оценетите филмови од критичарите оваа година, туку е и огромен хит со заработка од над 733 милиони долари низ кино салите во светот. Иако поминаа речиси три месеци од премиерата, филмот пред неколку дена започна со прикажување во Кина.

Оваа земја стана многу значајна за филмската индустрија, особено за блокбастерите, бидејќи филмскиот пазар во Кина моментално е на второ место во светот кога станува збор за заработката, а се очекува во следните неколку години да се искачи на првото место. Поради ова, студиото Марвел е разочарано што Guardians of the Galaxy има мала заработка во Кина, а главната причина за ова е помалку бизарна – лош превод.

Критичарите и фановите се жалат дека преводите го уништуваат хуморот, елементот кој го направи и филмот толку популарен. Сајтот China Daily ја пренесе веста дека во Guardians of the Galaxy има најмалку 80 грешки во преводите.

Режисерот Џејмс Ган во врска со оваа ситуација на Twitter напиша: “Interplanetary Unusual Attacking Team – започнува со прикажување во петок во Кина!” (верувале или не ова е официјалниот наслов на филмот во оваа земја)

Објавено од admin на 21 October 2014, 11:26