Идрис Елба во трејлерот за Beasts of No Nation

Идрис Елба во трејлерот за Beasts of No Nation

Денеска го имаме новиот трејлер за Beasts of No Nation, најновиот проект на талентираниот режисер Кари Фукунага (True Detective, Jane Eyre).

Филмот ја раскажува приказната за Абу (Абрахам Атах), младо момче од неименувана земја во Западна Африка. Неговиот живот ќе биде претворен во вистински пекол откако во неговата земја ќе избие граѓанска војна и неговата фамилија ќе биде дислоцирана, а тој ќе биде приморан да се придружи на безмилосна милитантска група, водена од бездушниот за сега неименуван командант (игран од Идрис Елба).

Покрај Елба, во главните улоги ќе ги видиме Ама Абербресе, Ричард Пепле и Опејеми Фагбунде. Сценариото го напиша режисерот Фукунага, а е базирано на истоимената деби книга од Узодинма Ивеала, младиот писател од Нигерија кој е дипломец од Харвард Универзитетот,

Beasts of No Nation ќе биде достапен на Нетфликс од 16-ти октомври.

Објавено од admin на 7 September 2015, 13:09