Ја вадев ќерка ми од памет како Deadpool

Ја вадев ќерка ми од памет како Deadpool

Актерот Рајан Рејнолдс оваа недела ќе пристигне во кино-салите со најновото филмско остварување, Deadpool.

Канадскиот актер по втор пат во кариерата ќе ја портретира улогата на Вејд Вилсон, но сега во самостојниот филм на Marvel, режиран од Тим Милер. Покрај него во филмот публиката ќе има можност да ги види и одличните Морена Бакарин, Ти Џеј Милер и Ед Скрејн, но самиот актер за американските медиуми признава дека самата продукција за него не била најлесна.

deadpool4

Често на снимањето на Deadpool била присутна и неговата 13-месечна ќерка Џејмс, и таа не била премногу воодушевена од маската која славниот татко морал да ја носи во филмот. Секако станува збор за латекс маската која треба да ги прикаже лузните на лицето на самиот лик, и Рајан призна дека била екстремно исплашена секој пат кога ќе го видела со маската на себе.

deadpool2

-Таа плачеше и плачеше. Се вадеше од памет секој пат кога ќе ме видеше со лузни. Го слушаше мојот глас, но уште не можеше да сфати која е личноста под маската. Многу беше конфузно за неа, објасни Рајан за Us Weekly.

Објавено од admin .f24 на 8 February 2016, 10:06