Kingsman: The Golden Circle официјалниот трејлер е тука и е фантастичен

Kingsman: The Golden Circle официјалниот трејлер е тука и е фантастичен

По брзиот и возбудлив тизер со времетраење од 15 секунди, конечно пристигна и официјалниот подолг трејлер за Kingsman: The Golden Circle.

kingsman-2-slice-600x200

Повторно во режија на Метју Вон, Kingsman: The Golden Circle нуди краток поглед на дел од новите актери, но и новата акција која ќе ја очекуваме од продолжението оваа година.

Оскаровката Џулијан Мур е Попи, главниот негативец, а покрај неа како нови актери кои ќе ги видиме во филмот се и Џеф Бриџис (нејзиниот колега од The Big Lebowski), Хали Бери, Ченинг Тејтум, Педро Паскал, Вини Џонс, како и пејачот Елтон Џон.

Колин Фирт ќе има свое враќање во актерската екипа, како и Терон Еџертон, Мајкл Кејн, Едвард Холкрофт и одличниот Марк Стронг.

Премиерата на Kingsman: The Golden Circle е закажана за 22-ри септември, а ова е првиот официјален трејлер:

Објавено од admin на 25 April 2017, 10:14