Конечно! Финалниот трејлер за Star Wars: The Force Awakens е објавен

Конечно! Финалниот трејлер за Star Wars: The Force Awakens е објавен

“The Force… it’s calling to you!” Лукасфилм го објави третиот и финален трејлер за Star Wars: The Force Awakens на режисерот Џ.Џ. Абрамс, новото продолжение од научно фантастичната франшиза.

Видеото е исполнето со многу нови моменти и ликови. Хан и Леа очигледно ја предаваат борбата за слобода на новите ликови Реј и Фин, додека од друга страна негативецот Кајло Рен изгледа одлучен да продолжи онаму каде застана Дарт Вејдер.

Во филмот ќе ги видиме Џон Боега како Фин, Дејзи Ридли како Реј, Оскар Ајзакс како По Дамерон, Домхал Глисон како Генерал Хукс и Адам Драјвер како Кајло Рен. Тука се и старите ликови Хан Соло (Харисон Форд), Леа (Кери Фишер) и Лук (Марк Хамил).

witness-the-epic-final-star-wars-the-force-awakens-trailer-now

Сценариото го напиша режисерот Абрамс, заедно со Лоренс Касдан. Star Wars: The Force Awakens ќе започне со прикажување во киното Cineplexx на 16-ти декември.

Објавено од admin на 20 October 2015, 08:02