Конечно! Прв трејлер за римејкот на Robocop

Конечно! Прв трејлер за римејкот на Robocop

“This is the future of American justice.” MGM денеска конечно го објави првиот трејлер за римејкот на култниот научно фантастичен трилер од 1987 година, Robocop. Режисер е Жозе Падиља, додека познатиот киборг-полицаец ќе го глуми актерот Џоел Кинаман (најпознат по улогата во успешната серија The Killing). Во останатите улоги се појавуваат Гери Олдман, Семјуел Л. Џексон, Мајкл Китон, Аби Корниш и Мајкл Вилијамс.

Синопсис: Дејствието во Robocop се случува во 2028 година каде мултинационалниот конгломерат OmniCorp е лидер во областа на роботска технологија. Нивните дронови ги добиваат Американските војни низ светот и следен чекор е да ја донесат оваа технологија на домашниот терен. Полицаецот Алекс Марфи е сакан сопруг и татко кој дава се од себе да го запре бранот на криминал и корупција во Детроит. Откако ќе биде критично ранет на службена должност, OmniCorp ја користи нивната напредна наука за роботиката да го спаси животот на Алекс. Тој се враќа на улиците на Детроит со неверојатни нови способности, но и со прашања со кои ниеден човек не морал да се соочи порано.

Филмот ќе се појави во кино салите на 7-ми февруари, следната година.

Објавено од admin на 6 September 2013, 08:15