Kung Fury – акциона комедија во стилот на 80-тите

Kung Fury – акциона комедија во стилот на 80-тите

Денеска го имаме откачениот трејлер за акционата комедија Kung Fury, која е пародија на познатите филмови од 80-тите. Филмот прати двајца пријатели кои креираат временска машина и се враќаат назад во времето со цел да го убијат Адолф Хитлер.

Во трејлерот ќе видите аркадни роботи, диносауруси, Викинзи, Нацисти, нордиски богови, мутанти и полицаец кој се вика Kung Fury:

Сценариото и режијата се на Дејвид Сандберг. Филмот сеуште нема закажан датум на премиера.

Објавено од admin на 28 December 2013, 10:42