Курт Расел се приклучи на екипата на Fast & Furious 7

Курт Расел се приклучи на екипата на Fast & Furious 7

Седмото продолжение на акционата франшиза Fast & Furious ќе започне со снимање следната недела во Лос Анџелес. Во главните улоги повторно ќе ги видиме Вин Дизел, Пол Вокер, Двејн Џонсон, Џордана Брустер и Тајрис Гибсон. Нови лица се Тони Ја и Џејсон Стехтам, кој ќе биде главниот негативец во филмот.

Денеска имаме информација за нов актер кој ќе се прикчучи на оваа актерска екипа. Станува збор за Курт Расел, кој го паметиме по улогите во култните филмови Escape from New York, Death Proof и Tombstone. Сеуште не е познато кого ќе глуми Расел (можеби татко на Доминик Торето или Брајан О’Конер).

Режијата е на Џејмс Ван, додека сценариото повторно го напиша Крис Морган. Fast & Furious 7 ќе се појави во кино салите на 11-ти јули, следната година.

Објавено од admin на 2 September 2013, 08:22