Леа Сејду е новата “Бонд” девојка

Леа Сејду е новата “Бонд” девојка

Сајтот The Daily Mail денеска ја објави веста дека талентираната француска актерка Леа Сејду (Mission Impossible: Ghost Protocol, Blue is the Warmest Color) ќе ја толкува главната женска улога во најновото, 24-то по ред, продолжение за авантурите на најпознатиот таен агент, Џејмс Бонд.

Снимањето на филмот (кој сеуште нема официјален наслов) започнува за шест недели, а Сејду ќе се приклучи на актерската екипа составена од Даниел Крег (Џејмс Бонд), Ралф Фајнс (Ем), Наоми Харис (Манипени) и Бен Вишо (Кју).

Оваа улога беше резервирана за актерка од скандинавско потекло, меѓутоа, сменета е за актерка со француско потекло, па оттука Сејду влезе во потесната конкуренција. Сајтот исто така информира дека голем дел од “Бонд 24” ќе се снима во Италија, поточно во и околината на Рим.

Премиерата е закажана за 6-ти ноември, 2015 година, а Сем Мендес се враќа за режијата.

Објавено од admin на 10 October 2014, 11:43