Лили и Baby Driver

Лили и Baby Driver

Лили Џејмс не мирува. Актерката која оваа година ја видовме во хорор адаптацијата на Pride and Prejudice and Zombies, моментално се наоѓа на сетот на Baby Driver во Атланта, чие снимање започна оваа недела.

edgar

Станува збор за првиот филм на фантастичниот режисер/сценарист Едгар Рајт по пауза од The World’s End од 2013-та година, и Лили заедно со Ансел Елгорт ги толкуваат двете главни улоги во крими комедијата на Рајт.

Елгорт како што кажува и самиот наслов ќе биде „Бејби“ возач на автомобил за бегство од криминални активности (кражби), а Лили ќе ја толкува улогата на Дебора, неговата наивна девојка. Бејби ќе биде дел од една таква кражба во Baby Driver, но кога работите ќе тргнат на лошо, авантурите за двајцата ќе започнат. Покрај Ансел и Лили, во Baby Driver ќе видиме плејада на фантастични актери како Џон Хем (Mad Man), Џон Бертнал, Елза Гонзалес и оскаровците Џејми Фокс и Кевин Спејси.

edgar2

Едгар Рајт го напиша и сценариото, а првите фотографии од самиот сет веќе ги сподели не само Едгар, туку и папараците.

Премиерата е закажана за 17-ти март следната година, а до тогаш погледнете како изгледа Лили во новата улога.

lilly

lilly2

lilly3

Објавено од admin .f24 на 26 February 2016, 09:34