„Лондон падна“ и Џерард Батлер е повторно опасен

„Лондон падна“ и Џерард Батлер е повторно опасен

Џерард Батлер е „опасен“ во првата официјална фотографија од сетот на London Has Fallen, продолжението на хитот од 2013-та година, Olympus Has Fallen.

Сега продукцијата се пресели од Вашингтон во Лондон, и вториот дел повторно ќе ја следи мисијата на агентот на тајната служба Мајк Бенинг (Џерард Батлер) во спасување на американскиот претседател Бенџамин Ашер (Арон Екхарт). Но, сега Бенинг нема да се грижи за безбедноста на Ашер, туку и на речиси сите претседатели на држави кои ќе пристигнат во Лондон.

london-has-fallen3

London Has Fallen како што кажува и самиот наслов продолжува со дејствието по 3 години и сега сите претседатели, достоинственици и кралеви ќе бидат собрани во главниот град на Велика Британија за погребот на Премиерот. Настанот ќе биде збирно место на терористичка група која ќе сака сите до еден да ги убие, па затоа Бенинг ќе треба да стори се за да не дојде до политичка катастрофа.

Од првиот дел покрај Батлер и Екхарт, повторно ќе ги видиме и одличните Анџела Басет, Рада Мичел и оскаровците Морган Фримен и Мелиса Лео, додека пак како „новитет“ е англиската актерка Шарлот Рајли.
Бабак Наџафи се потпиша како режисер на London Has Fallen (наместо Антоан Фукуа), а премиерата е закажана за 22-ти јануари, следната година.

london-has-fallen

Погледнете како течеше снимањето во Лондон.

london-has-falle4

london-has-fallen 7

london-has-fallen4

london-has-fallen5

london-has-fallen6

Објавено од admin .f24 на 25 June 2015, 11:11