Лошите момци се враќаат

Лошите момци се враќаат

Пред речиси година дена се проширија гласини дека Мартин Лоренс е сеуште заинтересиран за трето продолжение од франшизата, а веднаш потоа се појави и информацијата дека Дејвид Гугенхајм веќе работи на сценариото за новиот филм. Според Deadline, првиот драфт е веќе во рацете на Џо Карнахан (The Gray, The A-Team, Smoking Aces), кој е во преговори да биде косценарист и режисер Bad Boys 3. Лошите момци, славното дуо, по се изгледа повторно ќе ни се вратат на големите екрани!

bad_boys_2-e1337881493701

Најголемото прашање кое што го засега неговото остварување е секако состојбата со Вил Смит и дали тој ќе може да ја репризира улогата на Мајк Лаури. Гласините говорат дека студиото сторило се што може организационо за да може да го инкорпорира Вил за снимањето веднаш штом тој заврши со својот ангажман за Suicide Squad на Дејвид Ајер.

Џо Карнахан, го превзема проектот од рацете на Мајкл Беј, што би донело свежина на франшизата и евентуално мал новитет, особено ако се има предвид презаситеноста на гледачката публика со едноличниот стил кој во континуитет ни го презентира Мајкл во своите филмови.

Џери Брукхејмер најверојатно повторно ке биде организаторот на продукциските текови на филмот, така да:

bad-boys-gif

Објавено од Мартин Чалакоски на 11 June 2015, 08:41