Мартин Фриман во Captain America: Civil War

Мартин Фриман во Captain America: Civil War

Од сега и Шерлок Холмс и Џон Вотсон се дел од Марвеловиот Универзум. Марвел неодамна ја објави веста дека Мартин Фриман, ѕвездата од серијалот на Sherlock, Fargo и The Hobbit, трилогијата на Питер Џексон, каде ја толкуваше улогата на хобитот Билбо Багинс, официјално се приклучува кон екипата која ќе биде дел од следното продолжение на Captain America, насловено Civil War.

captain_america___civil_war_wallpaper_by_lesajt-d84okop-captain-america-3-civil-war-who-will-win

По безгрешното издание на својот маестрален претходник, Captain America: Winter Soldier, третото продолжение е многу очекувано кај обожавателите, особено поради фактот што со него се најавува фракција во редовите на „осветниците“ и физичка пресметка помеѓу капетанот и железниот човек и се очекува да биде предигра за третото продолжение на Avengers.

Марвел сеуште нема објавено информации и детали околу улогата во која ке биде сместен Мартин, но сега за сега неговата инклузија, во веќе големата актерска екипа, е и повеќе од пријатно изненадување.

Филмот кој ке биде повторно режиран од Џо и Ентони Русо, се очекува премиерно да почне да се прикажува во мај 2016-та и освен Мартин, своите улоги ќе ги репризираат Роберт Дауни Џуниор (Tony Stark), Крис Еванс (Steve Rodgers), Скарлет Јохансон (Natasha Romanoff), Џереми Ренер (Clint Barton), Себастијан Стен (Bucky Barnes/The Winter Soldier), Ентони Меки (Falcon), Елизабет Олсон (Scarlet Witch), како и дебитантските изведби на Даниел Брул во улогата на негативецот Baron von Zemo, Чедвик Босман (Black Panther) и Spiderman, кој сега за сега сеуште нема свој официјален репрезент.

Објавено од Мартин Чалакоски на 6 May 2015, 08:36