Многу негативци во првиот трејлер за The Amazing Spider-Man 2

Многу негативци во првиот трејлер за The Amazing Spider-Man 2

По бројни слики, постери и кратки тизери, Sony/Columbia Pictures денеска го објави првиот официјален трејлер за продолжението на The Amazing Spider-Man, кое треба да се појави во кино салите на 2-ри мај, следната година.

Од трејлерот можеме да заклучиме дека познатиот супер-херој овојпат ќе се соочи со три негативци – Електро, Рајно и Хари Озборн кој во текот на филмот ќе се претвори во Зелениот Гоблин.

Доколку го паузирате трејлерот на 1:14 (слика подолу) ќе видите кадар од лабораторија која наговестува уште двајца негативци кои, претпоставуваме, ќе се појават во третиот (10-ти јуни, 2016 година) или четвртиот дел (4-ти мај, 2018 година). Станува збор за Доктор Октопус и Вултур.

За режијата повторно се враќа Марк Веб, а сценариото го напишаа Алекс Куртсман, Роберто Орки и Џеф Пинкнер. Во главните улоги се појавуваат Ендру Гарфилд, Ема Стоун, Џејми Фокс, Пол Џиамати, Дејн ДеХан и Сали Филд.

Објавено од admin на 6 December 2013, 08:04