Најдобрите 10 избришани сцени од оригиналната трилогија

Најдобрите 10 избришани сцени од оригиналната трилогија

Како филмски љубители, често забораваме дека некаде помеѓу сета таа прекрасна кинематографија, богати дијалози и безвременски актерски перформанси кои ги гледаме на големите екрани, огромен број саати завршуваат исечени во монтажерските студија и никогаш видени од публиката.

Да филмовите се снимаат на прецизно изработени сетови по одлично поставена и разработена режисерска визија, но сепак филмот се компонира зад затворени врати, во монтажерските студија. Токму таму, приказната го добива својот вистински тек, на местото каде случајните кадри стануваат сцени, а сцените приказни. Тоа е исто така и местото каде огромен број сцени, и актери имале свои аспирации да се најдат на големото платно, но поради голем број причини не успеале.

За да не останат засекогаш заборавени, Collider склопи одлично видео со 10-те најдобри сцени од оригиналната Star Wars трилогија кои не го најдоа своето место во финалните верзии на филмовите за кои биле наменети. Погледнете:

Објавено од Мартин Чалакоски на 21 December 2015, 09:50